Има купувачи и за парфеми вредни 20 милиони долари

- Advertisement -

Францускиот луксузен бренд Morreale Paris го направи „ризикот на годината“, односно линијата парфеми „Le Monde sur Mesure“, чии амбалажи се обложени со дијаманти, рубини и злато и чинат и по 20 милиони долари. Секој мирис и секое шише се дизајнирани за да одговараат на индивидуалните потреби на клиентите.

Креативниот директор Максим Рансон вели дека нивната клиентела е составена од богати колекционери на уметност и накит, како и обожаватели на парфеми. „’Le Monde Sur Mesure’ не е само парфем, тоа е накит, приказна, дел од уметност“ вели тој.

- Advertisement -

Рансон додава дека веќе продале парфем по цена од милион и пол долари со златен оклоп украсен со дијаманти на семејство од Блискиот Исток, кои сакаат да останат анонимни. Исто така, во преговори се со уште еден потенцијален купувач.

За изработка на едно шише парфем се потребни повеќе од 35 луѓеи секој мирис е единствен и создаден посебно за клиентот. Постојат две опции: можете да изберете мирис кој веќе се наоѓа во понудата или можете да побарате да се креира нов мирис специјално за вас.

- Advertisement -

Овие парфеми ќе си го најдат своето место на ексклузивна изложба во јануари на луксузна локација во Лос Анџелес. Тоа ќе биде приватен настан за милионери и милијардери, односно за оние коишто можат да си дозволат таков луксуз.

Како и за сите други скапи и вредни работи, пред да купите парфем мора да пополните онлајн формулар. Оние коишто ќе купат милтимилионерски парфем ќе бидат повикани на пат околу светот. Со приватен авион на Morreale ќе ги посетат дестинациите на коишто се набавуваат состојките за мирисот и че учестуваат во дизајнот на шишето.

Сподели!
- Advertisement -