Работниците од една фарма во американската сојузна држава Њујорк воведоа програма за терапија со мазење крави, која на луѓето им помага да се чувствуваат подобро и посмирено. За еден час терапија, во текот на која луѓето ја мазат или ја гушкаат кравата, ќе треба да платат 75 долари.
Фармата Мountain Doors ветува забавни и релаксирачко искуство со нивните крави. На фотографиите на Instagram може да се види како луѓето се гушкаат и се мазат со кравите. Во зависност од избраниот пакет, заинтересираните можат да се дружат и со коњите на фармата.
Слична кравја терапија постои и во Холандија. Работниците на фармата Kastanje hoeve во селото Бетс на северозапад во Холандија велат дека милувањето на кравите има смирувачки ефект и ја зголемува самодовербата.