Претседателот на Кенија ги најави плановите на земјата го 2020 година да се префрлi целосно na зелена енергија. Фокусиран на одржлив развој, претседателот Ухару Кениата има за цел да помогне да се ублажат климатските промени со намалување на емисијата на јаглерод диоксид на земјата и истовремено да се креираат потребните работни места.
Овој потег е дел од стратегијата на земјата трипати да се зголеми бројот на луѓе кои користат електрична енергија, односно на 60% од популацијата. Моменталнo 70% од постојните електрични капацитети во земјата се на обновлива енергија, што е трипати повеќе од глобалниот просек.
Транзицијата на целосно обновлива енергија може уште повеќе да го зголеми пристапот на населението до електрична енергија и да се намалат трошоците за производство. Кенија многу инвестира во геотермални извори на енергија, од кои се добива евтина струја со ниска емисија на штетни гасови. Според Глобалниот извештај за статусот на обновливите извори 2018, Кенија е на 9-тио место во светот според електричниот капацитет од геотермални извори – 700 мегавати.
Најголемата фарма на ветар во Африка моментално се гради на езерото Туркана во Кенија. Сега 9 милиони домаќинства во Кенија имаат пристап до чиста енергија, а оваа бројка во иднина ќе расте.