Кинеската компанија Vivo претстави телефон со два екрани

- Advertisement -

Откако Vivo претходно годинава го претстави интересниот модел на смартфон NEX со сокриена камера за селфи, која излегува од куќиштето, вчера компанијата во Кина го претстави неговиот наследник, кој исто така има некои интересни иновации.

Како и претходниот модел, ни NEX Dual Display Edition нема камера од предната страна на екранот. Наместо класично поставените камери на годиниот дел напред или камера сокриена во кучиштето, од Vivо одлучија да постават уште еден екран од задната страна на уредот, над кој се наоѓаат три камери.

- Advertisement -

Предниот екран има дијагонала од 6,39 инчи, а резолуцијата му е 2340 x 1080 пиксели, додека од задната страна се наоѓа екран од 5,49 инчи и Full HD резолуција. Иако телефонот нема да биде најпрепознатлив по двата екрани, кога станува збор за хардверот, телефонот е еден од најмоќните на пазарот.

Освен класичниот процесор Snapdragon 845, NEX Dual Display има и 10 GB RAM, 128 GB простор за складирање податоци, последната верзија на Funtouch OЅ, која е базирана на Android 9.0 Pie, а има и поддршка за препознавање лице, како и сензор за отпечаток на предниот екран.

- Advertisement -

Vivo NEX Dual Display за почеток ќе го има само на кинескиот пазар по цена од околу 725 долари и не е познато дали ќе можеме да го очекуваме на пазарите во други земји.

Сподели!
- Advertisement -