LG наскоро ќе почне да продава телевизори кои ќе се виткаат во ролна

- Advertisement -

Прототипот на екранот кој ќе може да се витка во ролна, прикажан на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас на почетокот на годинава, наводно, би требало да се најде во продажба во текот на 2019 година. Еластичните OLED екрани со дијагонала од 65 инчи (165,1 сантиметри) ќе може да се спакува во подлогата или да се сокрие деле од екранот за содржините снимени во поголема резолуција да може да се гледаат без измени.

LG, исто така, кон крајот на февруари, во текот на саемот Mobile World Congress во Барселона, ќе го претстави својот прв паметен телефон со поддршка за мрежата 5G. Што се однесува на екраните кои ќе може да се виткаат во ролна, нив ќе може да ги видиме на претстојниот CES. Се зборува и дека би можеле да видиме смартфон кој може да се витка во ролна.

Сподели!
- Advertisement -