2018 година полека завршува. Многу претприемачи излегуваат на крај со своите обврски, но многу е веројатно дека заборавиле нешто кога ја правеле својата „to-do“ листа. Еве неколку работи кои мора да ги запишете и да ги направите пред крајот на годината:
1. Поднесете ја потребната документација
Предајте ја сета документација, барањата и молбите пред крајот на годината. Потребно е време за да се одобрат некои работи и постои процедура која мора да помине.
2. Организирајте состанок со книговодителите
Не сте експерт за финансии и не можете да знаете се од секоја област. Сретнете се со книговодител и слушајте внимателно. Ова е најдобро време за вакви состаноци затоа што ќе имате време да ги сумирате впечатоците и да размислите за се што ќе ви каже.
3. Проверете го својот инвентар
Што продававте најмногу во 2018 година, а што не? Ако не продавате материјални работи, туку нудите услуги, проверете ја статистиката кои услуги се најбарани.
4. Подгответе се да вработите нови луѓе
Ако сте одлучиле да вработите нови луѓе со полно работно време, сега е вистинско време за првите интервјуа со кандидати.
5. Ажурирајте го својот профил на социјалните мрежи
Дали вашата насловна фотографија е иста со месеци? Дали профилот на LinkedIn треба да го ажурирате со нови активности и проекти? Крајот на годинава искористете го за да ги средите социјалните мрежи.