Училишта во Кина воведоа паметни униформи против бегање од часови

- Advertisement -

Неколку училишта на југот на Кина користат паметни училишни униформи со вградени чипови за да надгледуваат дали учениците бегаат од часови, пренесоа некои кинески медиуми. Униформите имаат чипови кои ги лоцираат учениците и можат да го регистрираат секое влегување и излегување од училиштето.

„Кога учениците ќе стигнат на училиште чиповите го фотографираат нивното влегување во училишната зграда“ вели директорот на едно основно училиште во провинцијата Гуејџу, кое користи паметни униформи почнувајќи од ноември годинава. Според него, половина од 1.400 ученици носат таква униформа.

- Advertisement -

Најмалку десет училишта во соседната провинција Гуангси ја користат истата нова техника за надгледување на учениците. Доколку ученикот излезе од училиште без дозвола, чипот ќе го вклучи локалниот аларм. Некои училишта веќе забележале поголемо присуство на учениците на часови.

Сподели!
- Advertisement -