Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје

- Advertisement -

Градот Скопје и агенцијата „SWOT Research“, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи, и годинава ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

- Advertisement -

– Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2018 година. Неговата цел е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје. Со задоволство истакнувам дека Скопје има со што да се пофали. Без разлика дали станува збор за бутици, салони за мебел, супермаркети или продавници за домаќинство, ги следиме светските трендови и напредуваме во секој поглед. Ве охрабрувам да продолжите да се борите, иако знам дека не е секогаш лесно. Тука сме за вас секогаш кога ќе ви биде потребна поддршка, бидејќи кога напредувате Вие, напредува и Градот – рече денеска Тодоров.

Тој упати благодарност до Агенцијата „SWOT Research” за успешната реализација на овој проект.

- Advertisement -

За најдобри трговски објекти за 2018 година се избрани следните:

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“
1. Горење
2. Нептун
3. Елипсо

- Advertisement -

Категорија „Модни додатоци и накит“
1. Божиновски
2. Сигма
3. АБ бижутерија

Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“ 
1. Дел стор
2. Ај Стаил
3. Duna iStore

Категорија „Парфимерии и козметика“
1. Ри – Ма
2. Анабела
3. Логона

Категорија „Салони за мебел“
1. Стиллес
2. Акрон
3. Кристина Дамил

Категорија „Супермаркети“
1. Рамстор
2. Гранап
3. Веро

Категорија „Бутици“
1. Тудорс
2. Ламас
3. Бонати Фиоре

Категорија „Домаќинство“
1. Технополис
2. Лусо
3. Jysk

Признанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 12-ти пат.

Сподели!
- Advertisement -