25. The Penthouse, Four Seasons George V – Париз
Цена: 17.700 евра
Апартманот The Penthouse во хотелот Four Seasons George V во Париз е дизајниран да наликува на шик стан во Париз, иако тешко кој ќе може да го изнајми по оваа цена. Од терасата на The Penthouse можете да ја видите Ајфеловата кула Американската катедрала, покривите на Палатата на инвалидите, операта и Пантеон.
24. Royal Bridge Suite, Atlantis, The Palm – Дубаи
Цена: 17.700 евра
Како што кажува и самото име, овој апартман е мост меѓу двете крила на ивонредниот арабеска хотел на вештачкит архипелаг Палмата во Дубаи. Погледот од него е сензационален, има приватна библиотека, центар за забава, соба за масажа и тим од бателри и готвачи.
23. Suite Impériale, Ritz – Париз
Цена: 17.700 евра
Од 13-те престижни апартмани во овој хотел, овој апартман е најголемиот, најскапиот и налуксузниот. Направен е во рококо стил со антички фигури, класични уметнички дела, огромни салони кои гледаат на плоштадот Вандом и прозорци отпорни на куршуми. Една од спалните соби е реплика на собата на Марија Антоанета од Версај.
22. Presidential Suite, Mandarin Oriental Pudong -Шангај
Цена: 18.200 евра
Овој апартман зазема најголем дел од 25-тиот кат на хотелот и има една од најдобрите бањи во градот. Исто така, има приватна визба за вино, бар за вино и две приватни градини на покривот со неверојатен поглед на Шангај.
21. The Apartment at The Connaught – Лондон
Цена: 18.830 евра
Гостите кои престојуваат во овој апартман сериозно ќе бидат предмет на завист од сите луѓе околу нив затоа што овој апартман е дизајнира од Дејвид Колинс и има специјално направени уметнички дела, лимитирана едиција на книги и сино-бел ентериер.
20. Imperial Suite, Le Bristol – Париз
Цена: 19.300 евра
Исто како хотелот Ritz во Паиз, овој хотел е доказ за империјалниот период во градот. Мебелот е направен од надзор на специјалистот за мебел во Париз, Taillardat, а материјалите кои се употребени се на Colony. Трпезарискиот дел со поглед на градините на хотелот има 12 места, а храната кој се служи ја прави ресторанот Épicure со три Мишелин ѕвезди.
19. The Royal Suite, Mandarin Oriental – Хајд Парк, Лондон
Цена: 19.900 евра
Замислете да се туширате под кнделабра направена од оптички влакна, опкружени со кинески уметнички слики од периодот на династијата Чинг. Со овој апартман добивате три спални соби, сауна, трпезарија за десет гости, приватен бар и најдобриот поглед на Хајд Парк.
18. Penthouse Suite, Hotel Cala di Volpe Сардинија, Италија
Цена: 21.000 евра
Ова е најпрестижниот апартман на островот и е целосно во сардиниски стил. Подовите се светли, направени од керамика, има бели ѕидови и рачно изработен мебел. А погледот кон брегот и морето е навистина драматичен. Со него добивате базен на покрив, солариум, винска визба и ќе почнете да сфаќате зошто чини толку.