Јапонија сака Олимписките игри кои ќе се одржат во Токио во 2020 година да бидат најзелените досега. Енергијата која ќе се користи за Олимписките игри ќе биде 100% обновлива. За стадионите ќе се користи енергија од ветар и соларна енергија, додека Олимпиското село и медалите за победниците ќе бидат направени од рециклиран отпад.
Речиси 99% од се што ќе се користи за време на Олимписките игри ќе биде или реупотребно или рециклирано. Организаторите на игрите велат дека суровините што ги користат ќе бидат со обновливло потекло.
Понатаму, наместо да купуваат, организаторите планираат да ја изнајмуваат спортската опрема. Но, што се однесува на амбалажата за храна, нивните амбиции не се толку големи – планираат да рециклираат само 65% од пластичните шишиња и амбалажата за брза храна.
Japan wants to make the Tokyo 2020 Olympics the greenest ever
Forget gold, they're going for green. Read more: http://wef.ch/2tXemcW
Posted by World Economic Forum on Вторник, 18 декември 2018