Organic Basics е стартап основан од четворица дански иноватори кои претставија нова линија долна облека која не мора да се пере со недели. Иако многумина ќе се згрозат од таа помисла, иновацијата е направена со навистина добра цел – компанијата сака да трошите помалку вода за перење на алиштата.
Перењето и сушењето на алиштата троши различни ресурси кои стануваат се повредни на нашата планета и притоа се користат разни хемикалии. Кога нашата пот ќе дојде во допир со ткаенините, се создава идеална средина за развој на бактерии. Тие бактерии потоа создаваат лоша миризба.
Среброто има антимикробни својства, што значи дека ги убива бактериите и другите микроорганизми. Облеката е направена од влакна од полиамид врз кои е нанесен слој сребро и се исткаени заедно со органски памук. Тоа е тајната која наводно убива 99.9% од бактериите.
Линијата долна облека моментално е достапна во сите земји освен во Русија, па доколку сте авантуристи, сакате необични и луксузни работи и се грижите за животната средина, пробајте ја и уверете се колку и дали е ефикасна.