Дански стартап направи долна облека која може да се носи со недели без да ја исперете

- Advertisement -

Organic Basics е стартап основан од четворица дански иноватори кои претставија нова линија долна облека која не мора да се пере со недели. Иако многумина ќе се згрозат од таа помисла, иновацијата е направена со навистина добра цел – компанијата сака да трошите помалку вода за перење на алиштата.

Перењето и сушењето на алиштата троши различни ресурси кои стануваат се повредни на нашата планета и притоа се користат разни хемикалии. Кога нашата пот ќе дојде во допир со ткаенините, се создава идеална средина за развој на бактерии. Тие бактерии потоа создаваат лоша миризба.

- Advertisement -

Среброто има антимикробни својства, што значи дека ги убива бактериите и другите микроорганизми.  Облеката е направена од влакна од полиамид врз кои е нанесен слој сребро и се исткаени заедно со органски памук. Тоа е тајната која наводно убива 99.9% од бактериите.

Линијата долна облека моментално е достапна во сите земји освен во Русија, па доколку сте авантуристи, сакате необични и луксузни работи и се грижите за животната средина, пробајте ја и уверете се колку и дали е ефикасна.

Сподели!
- Advertisement -