Gillette TREO, кој настана во соработка со агенцијата Gray, е во завршна фаза на тестирање
Секоја година, магазинот Time прави листа од најдобрите пронајдоци, кои, како што велат, го прават светот подобро, попаметно, па дури и позабавно место за живеење. Пронајдоците се оние кои го менуваат начинот на кој живееме, работиме, играме и размислуваме за она што е возможно. Така, на овогодишната листа се најде и Gillette TREO, првиот брич дизајниран за мажи кои не можат сами да се избричат.
Всушност, повеќето од жилетите се дизајнирани за бричење на самите себе си, така што на постарите лица и лицата со посебни потреби, кои се зависни од други, може да им биде тешко, ако не и многу болно, кога бричењето ќе го преземе некој друг, бидејќи рачката и жилетот не се наменети за тоа. Gillette TREO е првиот брич наменет за асистирано бричење, особено на машките лице, а создаден е во соработка со агенцијата Grey. “Чинот на бричење е повеќе од отстранување на влакна од лицето, се работи и за достоинство”, вели Сушант Триведи од Gillette, а пронајдокот е моментално во завршна фаза на тестирање и треба да биде достапен во блиска иднина.
За цел да ја состават листата, уредниците на Тајм собираа номинации од уредниците и дописниците од целиот свет, според различни категории, како и преку е-апликации. Листата е дефинирана според најдобрите оценки врз основа на клучните фактори, како што се оригиналност, креативност, влијание, амбиција и ефикасност.
Со Gillette TREO во категоријата “Достапност“ уште се најдоа и “очи” за слепи, слушно помагало за масовна употреба, инклузивна игра конзола, 3D-принтер за изградба на ефтини решенија за сместување, чија цел е ставање крај на бездомништво, капак кој се вклопува на секој сад, компас што насочува кон пријателите и семејството, нараквици кои помагаат од ослободување на лошите навики, јакна која свети во темница, дронови кои спасуваат животи со испорака на сет за прва помош, магично стапче кое ги учи децата на кодирање, куфер кој не треба да се распакува, како и голем број други пронајдоци што може да се видат овде.
Marketing365.mk