- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија нѝ ја честиташе со нови цени на горивата, пониски од досегашните во просек за 5,51%.
Според новата одлука, за литар безоловен бензин ќе плаќаме по 2,50 а за литар дизел по 3 денари помалку, односно цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 60,50 денари, а на Д-Е V еуродизелот 55 денари за еден литар. До оваа математика регулаторната комисија дојде со сумирање на намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 9,38%, на референтните цени на бензинот за 7,45% и на дизелот за 8,27%, како и на поевтинувањето на доларот во однос на денарот за 0,274%.
- Advertisement -