Што не треба никогаш да облекувате на работа?

- Advertisement -

Правилата за облекување на работа постојано се менуваат, секако, во зависност од природата на работата и од деловното опкружување. Некои работни места се поопуштени, некои построги, но секако постојат правила било да се запишани и нагласени или не.

Експертите за мода се согласуваат дека постојат работи кои никако не би смееле да ги облечете за на работа, а ние ви издвојуваме неколку. Секако треба да имате на ум дека овие не важат за секоја индустрија и за секое работно место, но треба да ги имате предвид.

- Advertisement -

1. Провидна облека

На работа никако не е пристојно да облечете нешто провидно, без оглед на тоа колку е релаксирана атмосферата на работното место. Задолжително облечете некоја кратка јакна или маичка одоздола.

- Advertisement -

2. Панталони за јога или хеланки

Хеланките се добар избор за вежбање, но не и за во канцеларија. Тоа имајте го на ум во секој момент.

- Advertisement -

3. Премногу тесна, премногу кратка или премногу гломазна облека

Ако не се рапер и ако не е 2000 година, не облекувајте гломазна облека. Тоа секогаш делува неуредни. Истото важи за премногу тесната или кратката облека, која едноставно не е соодветна.

4. Голи рамена

Маичките со голи рамена секако дека се тренди, но не се соодветни за во канцеларија. Задржете ги за викенд или за излегување навечер.

5. Премногу животински елементи

Секогаш доаѓа период кога анимал принтот е особено модерен, како што е случај со оваа зима, но дури ни тогаш не е добар избор за на работа. Не сакате да ве препознаваат како некој што носел панталони од леопард.

6. Искинати фармерки

Ако работите во многу опуштена атмосфера, светлите или искниатите фармерки можеби се ОК, но каква било друга работна средина не поддржува таков начин на облекување.

Сподели!
- Advertisement -