Унгарската авиокомпанија „Визер“ годинава ќе воведе по четири нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.
Oд аеродромот Скопје се воведуваат нови линии: до Карлсруе/Баден-Баден и Бремен Во Германија, една линија кон Кипар доЛарнака и една линија до Турку во Финска.
Од аеродромот во Охрид ќе бидат воспоставени нови летови кон Малме во Шведска, Милано-Малпенса во Италија и Меминген и Дортмунд во Германија.
Ова го најави Џорџ Михалопулос, комерцијален директор на „Визер“ по денешното потпишување на договорот со Министерството за транспорт и врски за субвенции до 2022 година, со кој компанијата ќе добие околу пет милиони евра.
„Во март ќе стартуваат четири нови линии, летовите од Охрид за Малме и Милано, како и летовите од Скопје до Бремен и до Карлсруе/Баден-Баден. Останатите четири линии ќе стартуваат од јули. Цената за овие летови ќе биде 1.169 денари или 19,99 евра“, рече Михалопулос.