Кои се новите линии кои ги воведува „Визер“ од Скопје и Охрид?

- Advertisement -

Унгарската авиокомпанија „Визер“ годинава ќе воведе по четири нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.

Oд аеродромот Скопје се воведуваат нови линии: до Карлсруе/Баден-Баден и Бремен Во Германија, една линија кон Кипар доЛарнака и една линија до Турку во Финска.

- Advertisement -

Од аеродромот во Охрид ќе бидат воспоставени нови летови кон Малме во Шведска, Милано-Малпенса во Италија и Меминген и Дортмунд во Германија.

Ова го најави Џорџ Михалопулос, комерцијален директор на „Визер“ по денешното потпишување на договорот со Министерството за транспорт и врски за субвенции до 2022 година, со кој компанијата ќе добие  околу пет милиони евра.

- Advertisement -

„Во март ќе стартуваат четири нови линии, летовите од Охрид за Малме и Милано, како и летовите од Скопје до Бремен и до Карлсруе/Баден-Баден. Останатите четири линии ќе стартуваат од јули. Цената за овие летови ќе биде 1.169 денари или 19,99 евра“, рече Михалопулос.

Сподели!
- Advertisement -