Ова се најдобрите држави за странски работници

- Advertisement -

Кој сака да ја развива својата кариера треба да се пресели во Германија, Велика Британија или во Швајцарија, додека добра заработка ги чека странските работници на Блискиот Исток, покажува најновот истражување на банката HSBC.

Истражувањето за 2019 година се заснова на анекта на повеќе од 22.000 странски работници во 163 држави во светот, а покажува кои држави се најдобри за странските работници од повеќе аспекти како што се балансот меѓу приватниот и деловниот живот, можноста за заработка или можноста за развој на кариерата.

- Advertisement -

Извештајот покажува дека најдобрите држави за преселување не се на американскиот ни на азискиот континент, туку во Европа и на Блискиот Исток. Така, Сингапур испадна од првите пет, додека САД, Канада и Хонгконг се наоѓаат во првите 10.

На прво место е Германија, која во однос на минатата година се искачи за едно место. Позната по својата репутација како ефикасно и продуктивно стопанство, најголемата европска економија е оценета како средиште за развој на кариерата. Тоа го истакнаа 65% од анкетираните кои нашле работа во таа држава. Покрај тоа, напредокот во кариерата во Германија не значи жртвување на приватниот живот. Напротив, 2/3 од странските работници таму велат дека таму имаат подобар баланс меѓу приватниот живот и работата. Понатаму, речиси 3/4 од анкетираните велат дека таму има подобра безбедност при работа и најдобра работна култура.

- Advertisement -

На второ место на листата е Бахреин, кој скокна за 10 места благодарение на великодушната финансиска понуда на тамошните работодавци. Подобра плата отколку дома имаат 77% од анкетираните, наспрема 62% минатата година. Парите ги добиваат и преку низа други работи како што се субвенционирање на живеалипта и авиобилети, како и плаќање на здравтственото осигурување.

И покрај неизвесноста околу Брегзит, на трето место со најпосакувани држави за странските работници се најде Велика Британија, која скокна за шест места во споредба со лани. Покрај добриот баланс на приватниот живот и работата и добрите плати, 58% од испитаниците изјавиле дека таму има многу добра работна култура. Според мислењето на испитаниците, островот е најдобра земја во светот за стекнување нови вештини и е на четврто место како најпогодна за напредок во кариерата, веднаш после Хонгконг, САД и Сингапур.

- Advertisement -

На четврто место се Обединетите Арапски Емирати, кои како и Бахреин ги привлекуваат луѓето со натпросечните примања. Дури 95% од анкетираните изјавиле дека во склоп на платата добиле и доополнителни повластувања.На петто место е Швајцарија, која со години е на врвот меѓу најпожелните земји за иселување.

Сподели!
- Advertisement -