Истражувачи на Универзитетот во Вашингтон развија апликација за телефон која го следи дишењето на корисникот и да почувствува кога се случува предозирање со опијати. Научниците апликацијата ја направија со цел да може да ги предупреди другите луѓе дека некој е предозиран. Апликацијата се вика Second Chances и се уште е во развој, но истражувачите се надеваат дека ќе им биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови и ќе може да ја продаваат оваа технологија.
Кога луѓето се предозираат, се менува нивното дишење на специфичен и предвидлив начин. Second Chances користи сонарна технологија за да ги детектира тие промени и да ги предупреди пријателите, семејството или докторот за предозирањето. Апликацијата испраќа тивки звучни бранови до градниот кош на луѓето кои потоа се рефлектираат и апликацијата ги следи повратните сигнали за да види како се одвива дишењето.
Апликацијата не е предвидено постојано да работи во позадина на телефоните, туку идејата е луѓето кои користат опијати да ја вклучат пред да земат дрога и да ја исклучат ако се безбедни. Тимот работи на Second Chances за да го подобри интерфејсот и да го направи алгоритмот уште поосетлив. Тие се надеваат дека оваа апликација на луѓето што користат опијати ќе им овозможи да бидат безбедни додека не се најде некоја долгорочна поддршка.