Годишен извештај на Македонска берза: 2018, година на раст

- Advertisement -

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.-31.12.2018 година вкупниот промет изнесувал 10.414.067.246 денари и е зголемен во однос на претходната година за 119,78 отсто.

Класичното тргување изнесува 4.889.152.889 денари и е зголемено во однос на лани за68,14 отсто кога изнесувало 2.907.809.921 денари.

- Advertisement -

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 4.358.179.597 денари и обврзници во вредност од 530.973.292 денари.

Блок трансакциите изнесувале 5.261.265.006 денари и се зголемени за 189,44 отсто во однос на лани.

- Advertisement -

Бројот на трансакции изнесувал 23.932 и е зголемен за 47,48 отсто во однос на претходната година кога изнесувале 16.227.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за 2018 година се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје.

- Advertisement -

Годишниот статистички билтен за 2018 година можете да го погледнете тука.

Сподели!
- Advertisement -