Кинескиот памук не ги преживеа ниските температури на Месечината

- Advertisement -

Никулците од памук кои изникнаа на Месечината во рамките на кинескиот биолошки експеримент не ги преживеаја ниските ноќни температури. Откако Кинезите се пофалија дека прортело семето од памук кое во рамките на мисијата Chang’e-4 во посебен контејнер беше испратено на темната страна од Месечината, мораа да го признаат и поразот.

Под влијание на сончевата светлина памукот изрти. Но, кога падна ноќта, падна и надворешната температура, па никулците не успеаја да преживеат. Кинеските научници истакнаа дека не ни очекувале дека растенијата ќе поживеат повеќе од неколку часа.

- Advertisement -

Имено, кога на Месечината ќе „се стемни“, период кој трае две недели, доаѓа до екстремно заладување, па надворешната температура паѓа и до -170 степени Целзиусови.

Кинеското летало Chang’e-4 моментално се наоѓа во ноќен начин на работа, кога поради недостигот од светлина и ниските температури не прави никакви експерименти и истражувања. Кога на Месечината повторно ќе се раздени, леталото ќе се пробуди и ќе продолжи да прави експерименти и да истражува на темната страна од Земјиниот природен сателит.

Сподели!
- Advertisement -