- Advertisement -
Канада во текот на наредните три години планира да прими околу еден милион мигранти, соопштија во годишниот извештај на канадскиот парламент за миграцијата, во кој се истакнува и дека имиграцијата помага во развојот на земјата.
Како што пренесува CNN, Канада во 2017 година примила околу 286.000 доселеници, додека податоците за 2018 година уште не се готови, но се проценува дека се доселиле околу 350.000 луѓе. Според пописот на населението во 2016 година, во Канада имало 35,152 милиони жители, што е 5% повеќе отколку в0 2011 година. Треба да се напомене дека секој петти жител на оваа земја е роден во странство.
- Advertisement -