Нови дигитални услуги на УЈП и Царина – Кои се главните подобрувања?

- Advertisement -

Повеќе услуги на УЈП и Царина ќе станат дигитализирани и достапни во електронска форма, а корисниците ќе може побрзо, поефикасно и полесно да пристапат кон нив во повеќе области со што Министерството за финансии очекува навремен и неселективен поврат на ДДВ, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи.

– Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници, информира министерот за финансии, Драган Тевдовски.

- Advertisement -

Модулот за автоматски поврат и пребивање ќе стартува во текот на оваа година. Паралелно, во насока на подобрување на услугите за фирмите, минатата година Министерството заедно со Царинската управа работеше и на Системот за управување со царински декларации.

Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

- Advertisement -

– На овој начин, за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето во подготовка и поднесување на документите. Сите документи ќе се поднесуваат електронски од која било точка во која било царинска испостава. Наша цел е да се автоматизираат процесите и со тоа  да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите, вели Тевдовски.

Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример, со Управата за јавни приходи при поднесување ДДВ пријави кон кои се поднесуваат царински декларации или со Заводот за статистика и Народна банка за податоци за увоз и извоз.

- Advertisement -

www.biznisregulativa.mk

Сподели!
- Advertisement -