Наскоро во авионите ќе има само еден пилот, а потоа празна пилотска кабина

- Advertisement -

Кога се зборува за транспортот од иднината, се повеќе се зборува за автономијата, при што првенствено се мисли на автономните возила, односно автомобили, камиони и други превозни средства со кои ќе управуваат компјутери. Автомобилите без возачи веќе извозија милиони километри, се тестираат и камиони во кои воланот е препуштен на компјутери, а Uber стартува со многу интересен проект со автономни скутери и велосипеди кои сами ќе доаѓаат до патниците.

Но, за автономијата сериозно размислуваат и во авионската индустрија и во иднина можеби воопшто нема да има пилоти во кабините затоа што нивните места ќе ги заземат компјутери и вештачка интелигенција. За автономните авионите повеќе пати досега зборуваа од Airbus, а нивната извршна технолошка директорка Грација Витадини верува дека напредокот на вештачката интелигенција навистина ќе овозможи автономија на авионите.

- Advertisement -

Како што пренесува Bloomberg, Airbus моментално е во транзиција кој операции со само еден пилот, додека целосната автономија се очекува подоцна. Секако, таа транзиција нема да биде брза ни едноставна затоа што покрај бројните технички проблеми, вештачката интелигенција би требало да биде целосно совршена која станува збор за полетувањето, слетувањето и пилотирањето, особено во некои ретки и непредвидени ситуации. Голем предизвик претставуваат и регулаторите, кои треба да ги наговорат да дозволат користење на оваа технологија.

Иако директорите на авиокомпаниите не сакаат да зборуваат на оваа тема, факт е дека денес, кога се зборува за намалување на трошоците, како и недостиг од пилоти, нивните компании би имале големи предности од таквата технологија.

Сподели!
- Advertisement -