Едно ново истражување покажа дека масивните ледени брегови на Гренланд се топат побрзо отколку што мислеа научниците. Освен тоа, истакнуваат дека веројатно е премногу доцна за да се преземе нешто. Ова откритие може да значи катастрофална судбина за островите и крајбрежните предели, пишува CNN. Она на што потсетуваат е дека осум од десет најголеми градови во светот се наоѓаат во близина на брегови.
Мајкл Бевис, професор по геодинамика на Универзитетот Охајо и главен автор на студијата, вели дека човештвото веројатно дошло до точка од која нема враќање назад кога станува збор за борбата против климатските промени. „Единствено што можеме да направиме е да се прилагодиме и да го облажиме понатамошното глобално затоплување, но во секој случај, премногу е доцна за да поминеме без негативни последици затоа што ќе дојде до дополнителен пораст на нивоата на морињата“ вели Бевис.
Тој додава дека ледот на Гренланд се топи во циклуси поради природните временски феномени и истакна дека растечките температури го влошија тој тренд. Во соопштение од државата Охајо се наведува дека студијата на тимот на Бевис се разликува од претходните истражувања за Гренланд затоа што е фокусирана на југозападниот дел од Гренланд, каде што нема многу глечери.
Студијата која минатиот месец беше објавена во научното списание Nature покажа дека ледените брегови на Гренланд се топат 50% побрзо отколку пред Индустриската револуција и 33% пообрзо отколку во 20. век, што ќе доведе до покачување на нивото на морето во светот за дури 7 метри.
Освен тоа, оваа студија ги анализираше GPS податоците од брегот на Гренланд за попрецизно да се разберат претходните истражувања од заедничките проекти на НАСА и на германскиот вселенски центар, кои покажаа дека Гренланд губи 280 гигатони лед годишно и предизвикува раст на глобалното ниво на морето за 0,07 см.