Приказната на Nintendo уредите со 3Д технологија мислевме дека заврши во 2015 година со 3DS уредите, но со патентот кој го претстави компанијата во јануари преку Switch секој телевизор се претвора во 3Д дисплеј. Канцеларијата за патенти на САД на 24 јануари објави патент на Nintendо наречен Eye Tracking Enabled 3D Viewing, со кој во септември минатата година Nintendo аплицирал за да овозможи 3Д уживање пред ТВ екраните.
Во патентот детално се опишува на кој начин би функционирало се, односно како ТВ екраните би добиле спецификации на 3Д технологија. Се се надоврзува на претходните патенти на компанијата од 2010 година. Наместо специјални 3Д очила или екрани, Nintendo преку камера која би била поставена на телевизорот и очила со мини маркер, кои би ги следеле движењата на очите, на корисниците би им овозможил 3Д искуство.
Така, со овој патент секој играч би можел да има 3Д искуство на избегнување судири, проектили или би можел до својот играч да го види противникот кој му доаѓа во видното поле. За Nintendo ова не е невозможна мисија со оглед на тоа дека со верзијата 3DS овозможи 3Д играње без очила, но постојат сомневања дека тоа сепак ќе остане патент затоа што 3DS уште нема свој ривал.