Aпликација која предупредува кога ќе се приближите до некој што должи пари

- Advertisement -

Кинеските власти направија апликација која ќе ви каже ако сте блиску до некој што должи пари некому. Властите од кинеската провинција Хебеи ја направија апликацијата наречена „Мапа на пропаднати должници“ (Мap of deadbeat debtors), до која може да се пристапи преку социјалната мрежа WeChat.

Апликацијата ги предупредува корисниците со трепкање кога ќе се најдат на растојание од 500 метри од некој што има долг. Исто така, ја прикажува точната локација на должникот, иако не е познато дали прикажува и лични податоци.

- Advertisement -

Апликацијата има за цел да ги држи на око сите што должат пари, но не е познато колкав долг треба да има некој за да се пoкаже на апликацијата. Исто така, наводно апликацијата им свирка на должниците кои можат да си го платат долгот.

Во кинеската култура традиционално се штеди, а долговите се сметаат за табу. Апликацијата се појавува во време кога Кина воведува реформи на позајмувањето и на системот за социјален кредит. Новиот систем ќе стапи на сила во 2020 година и ќе ги проценува луѓето врз основа на нивната доверба и однесувањето во јавните превозни средства.

Сподели!
- Advertisement -