Пивото Budweiser сега се прави со 100% енергија од ветрот

- Advertisement -

Во 2017 година пиварницата Anheuser-Busch InBev – производител на некои од најпознатите брендови пиво како Budweiser, Stella Artois, Corona, Shock Top – ги најави плановите да почне да користи целосно обновлвиа енергија од 2025 година. Истовремено, најавија ека до истата таргет година ќе ја намалат емисијата на јаглерод диоксид за 30%.

Сега објавија и докази дека посветено работат на достигнување на таа цел. Брендот Budweiser неодамна откри дека пивото се произведува целосно со енергија од ветрот. Компанијата направи нова реклама во чест на ова импресвно достигнување и нивната посветеност на здравјето на планетата, која ќе почне да се емитува за време на Super Bowl.

- Advertisement -

Budweiser оди чекор понапред во посветеноста на одржливост и ќе донира чиста енергија за одржувањето на Super Bowl во Атланта. Budweiser планира да целата енергија што се троши за време на целата недела додека трае Super Bowl да ја замени со чиста и обновлива. Што се однесува на планот за користење 100% обновлива енергија до 2025 година, од Anheuser-Busch велат дека речиси половина од енергијата што ја трошат нивните 12 пиварници доаѓа од обновливи извори.

Сподели!
- Advertisement -