Што порачувате со накитот што го носите?

- Advertisement -

Уште кај древните Египќани, но и во нашата историја и традиција постои симболиката на накитот што го носиме. Некогаш накитот бил одраз на општествениот статус и материјалната состојба затоа што не можеле да си го дозволат сите. Покрај тоа, накитот бил и обележје за религиската припадност, возраста, но се носел и како амајлија. Во народот се зборувало дека одредени парчиња накит служат против уроци.

Во денешно време накитот главно служи за да ја покажеме нашата креативност и да го изразиме својот стил.

- Advertisement -

Злато
Златниот накит го носат храбрите и горделивите. Оние кои сакаат да бидат забележани и кои имаат доста самодоверба. Главно тоа се лидери и на работа и во приватниот живот. Многу се отворени и директни.

Сребро
Доколку некој носи дискретна сребрена алка или обетки, таа личност сака да игра според правилата. Таквите луѓе сакаат стабилност и комфор. Тоа не значи дека се несигурни, туку повеќе внимание обрнуваат на традиционалните вредности.

- Advertisement -

Накит за глава
Во последно време ваквиот начин на носење на накитот е многу актуелен. Секако, ова не е за секого. Луѓето кои често носат накит на главата се исклучително креативни и имаат специфичен стил. Ваквиот накит е многу битен во нашата традиција. Имено, на денот на венчавката невестите порако носеле украс на главата.

 

Сподели!
- Advertisement -