Сите знаеме за стереотипот дека напорната работа, меморирањето и работната етика е причината зошто некои нации како Кина, Сингапур и Јапонија редовно се рангираат на првот по успехот на полето на математиката и науката. Работи повеќе, учи повеќе, живеј помалку! Овие земји можеби се подобри од другите нации, но можеби има поздрав и подобар начин за да се постигне успех.
Финска е одговорот на оваа дилема – земја богата со интелектуални и образовни реформи која низ годините воведуваше нови и едноставни промени кои целосно го револуционизираа нивниот образовен систем, па сега се рангира подобро и од азиските земји и од САД.
Дали кај нив учениците постојано седат затворени и учат како роботи? Не. Дали се плашат од стандардните тестови на училиште? Не. Финска е лидер во образованието благодарение на сосема логични практики и холистичко учење кое поттикнува на еднаквост и рамноправност, а не на одличност. Еве десет причини зошто финскиот образовен систем е најдобар во светот.
Нема стандардни тестови
Стандардизираното тестирање е општо прифатениот начин на кој се проверува знаењето од одредена тема. Но, она што често се случува е иченисите да учат набрзина за да го положат тестот, а наставниците предаваат само со цел учениците да знаат доволно за да ги поминат тестовите. Вистинското учење е исфрлено од игра. Финска нема стандардни тестови, освен доброволниот тест на крајот на средното образование. Сите ученици во Финска се оценуваат на индивидуална база и според систем поставен од наставникот. Министерството за образование го следи општиот напредок.
Не се бара одговорност од наставниците
Многупати вината за лошиот успех на учениците се бара кај наставниците, но во Финска толку се строги правилата за наставниците што нма потреба да се бара одговорноста кај нив. Сите наставници мора да бидат магистри пред да се вработат. Образовните програми се многу ригирозни и селективни. Доколку некој наставник нема добри резултати, директорот на училиштето каде што работи треба да преземе нешто.
Соработка, не натпревар
Додека најголем дел од училиштата во светот поттикнуваат на конкуренција и натпревар меѓу учениците, Финците размислуваат поинаку. Тие се водат од премисата дека вистинските победници не се натпреваруваат. Финскиот едукативен систе не се грижи за вештачките системи базирани на заслуги и нема листи со најдобри наставници или ученици. Наместо тоа се бара соработка.
Основата е приоритет
Многу училишта се грижат за оценките на тестовите за општиот успех на образовната институција и се заборава на она што значи среќна, хармонична и здрава средина за учење. Пред многу години финскиот систем имаше потреба од реформи. Програмата која ја составија Финците се фокусира на враќање на основите. Не се поттикнува доминацијата туку се промовира образовна средина на еднаквост. Од 80-тите години на минатиот век финските едукатори се грижат за: образовниот систем да биде инструмент за баланзирање на социјалната нееднаквост, сите ученици да добијат бесплатен оброк, секој ученик да има пристап до здравствена заштита, до психолошко советување, до индивидуално советување.
Се почнува со училиште на подоцна возраст
Децата во Финска почнуваат со образование на седумгодишна возраст. Тоа е така за децата да можат да бидат деца што е можно подолго. Потоа, им само девет години задолжително образование. Се после 16-годишна возраст е индивидуален избор. Наместо да ги става учениците во еден бесконечен образовен систем, каде што ќе се чувствуваат како во затвор, Финска младите ги подготвува за вистинскиот свет.
Можност за работа по завршување колеџ
Во најголем дел од образовните системи во светот секое одделение е подготвување за наредното и се завршува со колеџот, кој потоа те подготвува за наредното скалило од образованието. Многу ученици не сакаат да одат на колеџ и добиваат безбредна диплома со која не можат да направат ништо или пак заглавуваат во студентски долгови. Финска им нуди еднакви можности и на тие што продолжуваат со орбазование и на тие што не сакаат. Во Финска има Upper Secondary School или тригодишна програма со која учениците се подготвуваат за тестот на крајот од средното образование и им служи за влез на универзитет. Но, има и стручно образование со кое по три години учениците стекнуваат одредено звање. Тие ако сакаат сепак можат да полагаат тест и да одат на универзитет, но не мораат.
Финците одат на училиште подоцна
Будењето рано, возењето со автобус или автомобил, учеството во утрински или послечасовни активности им одземаат многу време на учениците. На часовите од 6 или 8 наутро сигурно одат адолесценти кои се толку поспани што не можат да се фокусираат. Учениците во Финска одат на уилиште од 9.00 до 9.45 часот и вообичаено завршуваат околу 14.00 – 14.45 часот. Имаат подолги часови и посолги паузи меѓу часови. Целиот систем е така организиран да не ги бомбардира учениците со информации туку да се формира една холистичка средина за учење.
Постојано учење од исти наставници
Во финските училишта има помалку наставници и помалку ученици. Не можете да очекувате да им предавате на цел аудиториум од ученици и до сите да допрете на индивидуално ниво. УУчениците во Финска често имаат по еден исти наставник и по шест години. Во тој период наставникот зазема и улога на ментор и на член од семејството, се развива заемна доверба и меѓусебна почит.
Поопуштена атмосфера
Во Финска владее тренд на помалку стресно обравоание, помалку правила и повеќе грижа. Учениците дневно имаат само неколку часа. Имаат неколку паузи за да јадат, да се забавуваат и да се релаксираат. Во текот на денот има интервали од по 15 или 20 минути за децата да се прошетаат, да земат свеж воздух и да се опуштат.Ваквата средина е одлична и за наставниците. Во сите фински училишта има простории за наставниците да се релаксираат, да се подготват за денот или да се дружат.
Помалку домашна работа
Според Европската банка за обнова и развој, учениците во Финска имаат најмалку домашна работа од сите земји во светот. Тие дома поминуваат само просечно половина час работејќи на нешто за на училиште, а сепак имаат подобри резултати од сите култури каде што се инсистира на тксичен баланс меѓу обраованието и приватнио живот и непотребен стрес.Тие на училиште завршуваат се што треба и не мора дома да учат за да бидат одлични по некој предмет. Не мора да се грижат за оценки и слободни се да учат и да се развиваат како човечко суштество.