Ќе се стопи дури една третина од глечерите на Хималаите

- Advertisement -

Дури и некоја радикална мерка за климатските промени нема да го спаси топењето на глечерите, што ќе ги доведе во опасност животите на 2 милијарди луѓе. Барем една третина од големата ледена покривка во планинскиот масив Хималаи во Азија ќе се стопи поради климатските промени, покажува најновиот извештај на Интернационалниот центар за интегриран развој на планините, а тоа ќе има сериозни последици за речиси 2 милијарди луѓе.

Дури и драстично да се намали емисијата на јаглерод диоксид и глобалното затоплувње да се одржи на договрената цел од само 1,5 степени Целзиусови, 36% од глечерите на Хинду Куш и на Хималаите ќе се стопат до 2100 година. Доколку не се намали емисијата на штетни гасови, може да се стопат дури 2/3 од тие глечери.

- Advertisement -

Глечерите се битен извор на вода за 250 милиони луѓе што живеат во реонот Хинду Куш-Хималаи и опстанокот на 1,65 милијарди луѓе зависи од големите реки кои истекуваат од планинските врвови и течат во Индија, Пакистан, Кина и другите нации.

„Ова е климатската криза за која никој не пишува. Во најдоброто сценарио, дури и да направиме се за да ја намалиме емисијата на гасови, една третина од глечерите ќе бидат загрозени. Ова е шокантно откритие за нас“ велат од Интернационалниот центар за интегриран развој на планините.

- Advertisement -

Оттаму додаваат дека иако овој реон е многу населен, досега има привлечено малку внимание во споредба со некои островски нации и Арктикот. Новиот извештај има за цел да го смени тоа. Повеќе од 200 научници работеле заедно на извештајот во текот на последните пет години, а други 125 експерти ја надгледувале нивната работа.

Од 70-тите години на минатиот век до денес стопени се речиси 15% од глечерите во овој регион, но планинскиот маси Хинду Куш-Хималаи е долг 3.500 км. Некои од глечерите во Пакистан и во Авганистан се стабилни бидејќи таму времето е најчесто магловито и ги штити од сонцето, но доколку продолжи глобалното затоплување, дури и тие ќе се истопат. Тоа ќе предизвика зголемување на нивото на реките во периодот од 2050 до 2060 година, а тоа ќе доведе до можност за пукање на браните на реките и поплавување на населените места. Потоа од 2060 година натаму реките ќе почнат да се сушат, а тоа ќе значи згаснување на изворот на електрична енергија за регионот.

Сподели!
- Advertisement -