Првиот робот во светот кој стана жител на држава, Софија, доби мала сестричка

- Advertisement -

Запознајте ја малата Софија, новиот робот играчка кој има за цел да ги научи децата да кодираат. Минијатурниот робот е висок само 35 см и е „помалата сестра“ на роботот Софија, кој минатата година стана првиот хуманоиден робот во светот кој доби државјанство во Саудиска Арабија.

Девелоперите на двата роботи, компанијата Hanson Robotics, велат дека малиот робот Софија учењето на STEM науките, вештачката интелигенција и кодирањето ги претвора во игра и авантура за децата на возраст од 7 до 13 години.

- Advertisement -

Малата Софија може да оди, да зборува, да пее, да игра игри и како и својата поголема сестра, да кажува шеги. Роботот може да се програмира преку апликација за телефон со вклучени упатства од Hanson Robotics . Моментално компанијата бара поддржувачи за развојот на малиот робот на платформата Kickstarter.

Почетната цена на роботот и придружниот софтвер е 149 долари.

- Advertisement -

Sophia the robot's little sister

Sophia, the robot citizen of Saudi Arabia, now has a baby sister.

Posted by Startup Selfie on Недела, 03 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -