Светската здравствена организација (СЗО) препорача до владите да го отстранат канабисот од листата на наркотични дроги.
Единствената конвенција на наркотични дроги кои се сметаат за особено опасни и без тераписка важност, признаена во 1961 година, досега го вбројуваше и канабисот. Оваа Конвенција ги поттикнуваше владите да го забрануваат производството, дистрибуцијата и употребата на дрогите кои ги содржи.
Одлуката канабисот да биде вбројан меѓу дрогите во Конвенцијата била политички мотивирана, пред се од западните земји и САД, а не врз научна база како што налагаат правилата. Во децениите кои следуваа, пациентите ширум светот открија дека канабисот е корисен за нивно лекување, но беа спречени од легален пристап до лекот, поради прохибициските закони во нивните земји.
Одлучноста на пациентите да се борат за легален пристап до медицинскиот канабис, и брзо растечкиот број на научни докази кои потврдуваат дека медицинската употреба на канабисот допринесоа од деведесетите наваму да бидат воспоставени програми за медицински канабис во нивните земји. Поборниците за медицинската употреба на канабис , пациентите и научниците постојано бараа од СЗО да направи научно преиспитуање на канабисот и добро да ја оцени неговата терапевтска корисност, со цел да предложи негово отстранување од Единствената конценција на наркотични дроги.
Во март 2016 година, група на светски реномирани експерти за канабис предводени од организацијата „Американците за безбеден пристап“ поднесоа до СЗО обемен документ кој ја докажува медицинската корисност на канабисот. Потоа, во ноември истата година, Светската здравствена организација се согласи да го преиспита канабисот и неговите деривати. Преиспитувањето траеше се до сега.
Ова претставува голем чекор напред за медицинската употреба за канабисот ширум светот, бидејќи владите веќе нема да може да се повикуваат на Единствената конценција на наркотични дроги, за да го забрануваат медицинскиот канабис.
Неурологот Итан Русо вели дека признанието на СЗО дека канабисот има терапевтски својства е базирано на научна основа.
„Сега е време владите да ги елиминираат бариерите и да дозволат слободна размена со канабис“, вели Русо.
Дополнително СЗО препорачува да се олесни пристапот и некои ТХЦ препарати, и препаратите кои не содржат повеќе од 0,2 отсто ТХЦ да не подлежат на интернационална контрола.
Сепак, прохибицијата на канабисот и ТХЦ за рекреациона употреба продолжува да важи.