ФОТОГАЛЕРИЈА: Гана ќе биде идната најпопуларна туристичка дестинација во светот

- Advertisement -

Африканската земја Гана направи стратегија да стане најпопуларна туристичка дестинација во светот. Земјата неодамна го претстави 15-годишниот план кој има за цел да се зголеми бројот на туристи во Гана на 8 милиони годишно до 2027 година. Проектирано е патничката индустрија во Гана да расте по 8,3 милијарди долари годишно до 2027 година.

Архитект на планот за развој на туризмот и диверзифицирање на економијата е претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, кој покани многу ВИП гости од дијаспората на Африка на повеќе настани, конференции и патувања за да ги откријат уникатните убавини и наследството на земјата.

- Advertisement -

Крајната цел на тоа е да се приближат Гана, африканскиот континент и сите коишто се од африканско потекло и живеат таму. Поминаа точно 400 години откако првите робови од Африка биле однесени во Америка. Времето се смета од моментот кога датираат првите записи за првите пристигнати бродови кои транспортирале робови во Вирџинија во август 1619 година. Се проценува дека 75% од занданите за робови на западниот брег од Африка биле во Гана, што значи дека милиони луѓе биле заробени и транспортирани со бродови.

Претседателот Акуфо-Адо во свое обраќање до јавноста посочи дека трагичното минато на Гана е причина за дијаспората да се врати и да го научи ова поглавје од историјата. Познатите личности кои биле поканети на специјалните настани биле одведени на посета на занданите за робови.

- Advertisement -

„Секој што има темно обоена кожа мора да дојде овде. Тие мора да го поминат ова патување и да се поврзат со своето емотивно минато и наследство, да поминат од врата до врата на занданите и да видат како изгледа вратата од која нема враќање“ изјави претседателот Акуфо-Адо.

Селебрити името од маркетинг индустријата Бозома Сент Џон, која има направено повеќе ремек дела, а најновото е шоуто на Бијонсе на полувреме на Super Bowl, покани 100 од највлијателните членови на африканската дијаспора да се забавуваат со неа во текот на настаните по повод Божиќ и Новата година. Сент Џон соработува со медиумскиот конгломерат Endeavor, а претходно имала битна улога во Uber и Apple Music. Таа вели дека овој проект и е при срце.

- Advertisement -

„Сакав на луѓето да им ја покажам земјата која ја знам и ја закам. Чувствувам дека моја лична мисија е да ги искористам моите способности за да помогнам во мисијата Гана да стане атрактивна туристичка дестинација“ вели таа.

Сподели!
- Advertisement -