- Advertisement -
Прва мобилна апликација за учество на граѓаните во утврдување на локални прашања и проблеми и вклучување во процесот на носење на одлуки „мЗаедница“ ќе биде денеска промовирана во општина Карпош.
Мобилната апликација е изработена од општина Карпош заедно со Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“ и е достапна за преземање за Гугл плеј и Апп Стор.
- Advertisement -
Преку апликацијата граѓаните ќе можат директно да комуницираат со секторите во општината, да пријавуваат проблеми, да даваат предлози и да преземаат иницијативи на локално ниво.
- Advertisement -