Пропадна проектот за гарантирана плата за невработени во Финска

- Advertisement -

Финска нема да го продолжи експериментот со кој на 2000 невработени луѓе во период од две години им даваше гарантирана минимална плата во износ од 560 евра. Целта на овој социо-економски експеримент беше да се обезбеди поттикнување на невработените кои подолго време се на списокот да се мотивираат да најдат работа.

Според правилата на финскиот државен проект примателите на гарантирана плата може да најдат работа со минимални примања и помошта во тој случај немаше да им биде укината. Сепак, влијанието врз нив не било големо, па така малкумина се решиле да најдат работа и биле задоволни со гарантираниот државен надомест од 560 евра.

- Advertisement -

Тоа што е позитивно од финскиот експеримент е што 2000 приматели на гарантирана државна плата покажале големи знаци на благосостојба споредено со тие кои се приматели на социјална помош, како и на тие кое се невработени а не земаат никакви примања од државата.

Ројтерс пренесува дека прашањето за социјални мерки за невработените ќе бидат главно прашање за Финска по парламентарните избори кои се закажани за април.

Сподели!
- Advertisement -