Децата денес имаат толку обврски што докторите наместо лекови, треба да им препишуваат играње

- Advertisement -

Децата во денешната модерна доба имаат толку многу обврски, што на докторите им е дозволено како медицински третман да им препишат играње. Сето тоа е така затоа што родителите ги запишуваат на многу активности, а на училиште од нив се бара премногу во текот на часовите.

Како резултат на тоа децата се под ризик да не се развијат нормално. Само половина од децата во САД можат да се прошетаат или да играат надвор во текот на денот. Една третина од градинките повеќе немаат паузи, а тие коишто имаат паузи имаат деца со подобри перформанси.

- Advertisement -

Во Обединетото Кралство 20% од децата воопшто не играат надвор. Но, играта за нив е од суштинско значење, а не нешто тривијално. Играњето им помага да научат да носат одлуки, да се справуваат со стресот и да преговараат, како и да се фокусираат на една цел без да обрнуваат внимание на други работи.

Недоволното играње кај децата ќе има лоши последици врз идната работна сила. За да се натпреваруваме со вештачката интелигенција, треба да научиме работи кои роботите не ги знаат и не ги можат. Такви се креативноста и соработката. Токму на тоа ги учи играта и затоа докторите треба да препишуваат неструктурирано слободно време за играње за да се осигураат дека социјалниот и академскиот притисок нема да го попречат здравиот развој на децата.

- Advertisement -

Children are so busy that doctors are being told to prescribe play

Work hard, play harder. Read more: https://wef.ch/2LsIbFK

Posted by World Economic Forum on Петок, 08 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -