Канадска компанија за производство на канабис користи измет од риби за да ја намали потрошувачката на вода

- Advertisement -

Несекојдневната комбинација од слатководни риби и канабис овозможува развој на огромни плантажи со медицинска марихуана на компанијата Green Relief. Во подземни простории во Онтарио, целосно опкружена со ниви, Green Relief одгледува аквапонска фарма со помош на филтриран измет од риби, кој од друга страна, ја чисти водата за рибите.

Од компанијата велат дека се единствениот светски лиценциран производител на медицинска марихуана на овој начин, без пестициди, а целиот процес на одгледување до готов производ трае 2,5 години.
Единствениот знак дека нешто се случува под земја во оваа фарма изградена на рид и изолирана со речиси еден метар земја и трева е опремата за вентилација која е поставена на површината.

- Advertisement -

„Вака ќе изгледа земјоделството во иднина. Доколку сега не ги користите технологиите за одржливо земјоделство, ќе станете диносаурус“, вели Стив Леблан, соосновач на компанијата. Затворениот систем на Green Relief, кој во исто време одгледува 6.000 риби од сортата тилапија и 4.500 растенија марихуана, троши 90% помалку вода отколку конвенционалното земјоделство, а има 10%-20% подобри приноси отколку традицоналните методи.

- Advertisement -

Секои пет недели Green Relief чисти еден од 16-те аквариуми со риби и донира околу 300 риби тилапија на добротворната организација Second Harvest, која рибите ги носи во куjните за бездомници. Компанијата сега работи на експанзија на основната рурална база во Хамилтон, на околу еден час западно од Торонто, од каде што годишно ќе се добиваат 15.000-20.000 кг марихуана.

Сподели!
- Advertisement -