Мастер сомелиерот Петар Величковиќ во Скопје ќе едуцира за сортни вина од Балканот

- Advertisement -

Петар Величковиќ, еден од најентузијастичките мастер сомелиери на Балканот кој е дел од WEST Wine, ќе едуцира за вина кои се застапени во винските региони во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и Македонија. Неговото десетгодишно искуство е стекнато при работа на брод, каде гостите биле тие кои го натерале да навлезе длабоко во психологијата и тајните  на виното.

“Треба да имате искуство, и пред сè треба да имате интерес за вино. Сомелиерите не се луѓе кои го работат ова за да заработат нешто, пред сè тоа е интерес, а подоцна и страст. Дали одредено вино ќе му се допаѓа некому е работа на вкус, а секоја дегустација мора да биде совршена. Се ценат аромата, вкусот, густината, бојата. Поентата на дегустацијата не е на крајот да кажете тоа е вино од таа земја, регион, производител, година, вид на грозје, туку поентата е да се научи тоа вино што се тестира кои каректеристики ги има, а самите каректеристики кажуваат дали виното е квалитетно или пак не. Овој курс е од едукативен карактер и ќе произведе нови познавачи на вино кои своето знаење подоцна ќе го употребат во приватниот живот или ќе им биде одлична подлога за професионален курс за сомелиери. Едукацијата е наменета за вински ентузијасти, но и претставува одлична подлога за професионален курс за сомелиерите”-  вели мастер сомелиерот Величковиќ

- Advertisement -

Десет неделниот курс ќе се одржи во соработка со Јавна соба за сите оние кои сакаат да доживеат “страст” со виното. Секој учесник ќе научи како да го препознае вкусот на виното, да го одбере најдоброто вино кога се наоѓа во продавница или ресторан. Спарувањето со соодветна храна е полонителниот предизвик. Мини залчиња од храна која е компатибилна со секое вино ќе биде сервирана за време на дегустацијата на 50 сортни вина од регионот.

Програмата опфаќа дегустација на црвени, бели и десертни винаа, а во неколку наврати ќе бидат послужени пенливи и десертни вина кои се специфични за секој од регионинте кои се програмски опфатени. Секое вино е печат на самиот регион, а учеснииците ќе можат да откријат малку повеќе и за историјата, период на берба, минерали во почвата, клима, и други карактеристики кои ја прават таа сорта посебна.

- Advertisement -

Оваа специјално издизајнирана програма е наменета за љубители на вино, луѓе кои уживаат во добра чаша вино и сакаат да ги прошират своите хоризонти. Се работи за неформално образование кое ќе им помогне на сите учесници да научат кои вина се најпознати од балканските вински региони, информации за  винариите од истите региони.

Пријавувањето за курсот со Мастер Сомелиерот Величковиќ трае до 27. февруари, а програмата започнува на 11.март. Пријавете се со испраќање на e-mail на: info@publicroom.org.

Сподели!
- Advertisement -