Активни се три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, кои се реализираат преку Министерството за економија.
Првата мерка е поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар.
Втората мерка е за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година.
Третата мерка е за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година.
Сите трговски друштва и здруженија заинтересирани за јавните повици повеќе информации за условите за аплицирање, потребните документи за аплицирање, висината на надоместување на трошоците и рокот за доставување на барањата можат да најдат на веб-страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.