WhatsApp отсега можете да го отклучите со лице или со отпечаток од прст

- Advertisement -

Новата опција која ја доби познатата апликација овозможува дополнително ниво на безбедност и можност за заштита на апликацијата дури и кога е отклучен телефонот. Ако имате iPhone, веројатно ќе ве израдува веста дека својата омилена аликација за четување можете да ја заштитите со помош на биометриски податоци кои ги користите за заштита на телефонот.

Во зависност од тоа кој модел го користите, ќе добиете опција за користење на Face ID за да го ограничите пристапот до софтверот. Оваа опција е достапна од WhatsApp 2.19.20, а можете да ја активирате преку подесувањата за безбедност во самата апликација.

- Advertisement -

Иако нема да можете да ги заклучите индивидуално пораките или разговорите, со новата алатка за биометриска заштита ќе ги заштитите вашите податоци дури и ако сте го оставиле отклучен телефонот. Исто така, оваа заштита не е совршена гаранција за приватноста. Содржината на пораките и понатаму ќе ја добивате во известувањата, па пораките ќе мора да ги сокривате преку подесувањата во самиот уред. Новата опција засега е достапна само за iOS уредите.

Сподели!
- Advertisement -