Џеремаја Овијанг, светски авторитет од областа корпоративни иновации, е новиот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организаторскиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториоумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијата – Џеремаја Овијанг. Овијанг се смета за светски авторитет за развој на програми кои поттикнуваат иновативност кај корпорациите. Во текот на својата повеќедецениска кариера Овијанг соработувал со гиганти како што се Adobe, Electrolux, Wells Fargo, Nestle, Cisco, Western Union, Visa, Colgate, Yum, Pepsi и многу други. 

Било да се работи за корпоративна иновативност, развој на автономна технологија или начинот на кој технолошкиот развој влијае на нашата добросостојба, Овијанг се занимава со анализа на нови технологии, го проценува нивниот потенцијал за раст, можностите кои ги нудат и начините на кои доведуваат до промена во однесувањето и очекувањата на корисниците. Овијанг е соосновач на Kaleido Insights, истражувачко-консултантска куќа која им помага на големите компании да се поврзат со своите клиенти со помош на новите технолошку трендови. Исто така, соосновач е на Altimeter Group, консултантска куќа која се занимава со истражувања на полето на стратегијата и новите технологии.  

- Advertisement -

Овијанг е препознат мислител и стратег чии трудови се објавувани во весници како The Wall Street Journal, The New York Times, USA Today и Fast Company. Неговиот блог, Web Strategist, се смета за една од најдобрите онлајн публикации на тема начинот на кој корпорациите можат да се поврзат со своите клиенти со помош на Интернетот и новите технологии. Овијанг се најде на листата „Кој е кој“ на списанието Silicon Valley Business Journal, додека магазинот Time го прогласи неговиот Twitter профил за еден од оние кои треба да се следат.

Организаторите на конференцијата претходно како прв говорник на Spark.me 2019 ја најавија Анаб Џејн, TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации во дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот од иднината.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 150 евра до 14 март. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

- Advertisement -

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -