Ова е првото целосно разградливо шише за вода за еднократна употреба

- Advertisement -

Кога сакаме да го намалиме загадувањето кое ние го оставаме во околината најдобро е да почнеме од пластичните шишиња за вода. Една нова компанија Cove се надева дека целосно ќе ја искорени употребата на пластични шишиња за еднократна употреба со својот производ – 100% биоразградливо шише за вода. Шишето го носи името како и компанијата Cove, а ќе биде достапно наскоро

Според Cove, нивното шише е прво такво во светот – биоразградливо шише за еднократна употреба. Шишето е направено од PHA, односно природен биополимер, а етикетата е направена од хартија, нетоксично мастило и нетоксичен лепак.

Откако ќе ја испиете водата од шишето, од Cove препорачуваат да го реупотребувате шишето додека не измине рокот нa употреба, а потоа да го фрлите во сад за компостирање. На страницата на компанијата пишува дека шишето ќе се разгради во компост и ако го фрлите некаде во природа, во вода или дури и во океанот. Сепак, потенцираат дека не можат прецизно да наведат колку време ќе треба да се почека додека се разгради.

- Advertisement -

Досега сета биопластика и другите еколошки алтернативи мора да се рециклираат за да се искористи материјалот, а ова шише е првото кое само ќе се претвори во компост. Cove е првото шише за вода во светот кое не создава токсичен отпад.

- Advertisement -

Алекс Тотерман е основач на Cove. Тој објасни зошто ова шише кое го дизајнирал самиот е толку поинакво. „PHA е единствениот полимер кој е целосно разградлив во каква било средина, па нема потреба од рециклирање. Ние едноставно сакаме на луѓето да им дадеме нешто што изгледа едноставно, а всушност е многу битно“ вели тој.

- Advertisement -

Освен тоа, компанијата Cove се труди целиот производен процес да биде локален. Како што објаснуваат на нивната страница, првата пратка шишиња ќе биде достапна само во Калифорнија, а водата во шишињата ќе биде од природни извори во Калифорнија. Како што ќе се шири, Cove планира да продолжи водата да ја снабдува локално за да се намали растојанието и трошокот за транспорт.

Cove може да се нарача во претпродажба на страницата на компанијата, а првата пратка се очекува да биде доставена во Калифорнија во мај годинава. Моментално пакет од 12 шишиња чини 24 долари.

Сподели!
- Advertisement -