Во петок минатата недела на Клиниката за интерна медицина во KBC во Риека по прв пат во хрватската историја беше направен нов зафат на срце беше вграден најмалиот електростимулатор на срце во светот. Пејскмејкерт е со големина на капсула, поточно долг е 25 мм. Имплантиран е директно во срцето кај двајца пациенти со пореметување на срцевиот ритам.
Зафатот со ангиосалата на Одделот за инвазивна и интервентна кардиологија го изведе тимот на доц. д-р Сандра Брусик и доц. д-р Златко Чубраниќ, аритмолог – електрофизиолог во болницата во Риека.
Овој револуционерен уред без жици и батерии се вградува директно во срцето на пациетните без хируршки резови. Поставувањето на традиционалните електростимулатори за срце значи сложена операција во хируршки направен џб под кожата и воведување електроди преку крвните жили во срцето. Имплантацијата на оваа кардиокапсула се врши со локална анестезија преку вена во препоните на пациентот со помош на систем од катетери преку кои уредот се носи до десната комора и потоа се прицврстува на ѕидот на срцето со флексибилни запци.