Обединетото Кралство ќе воведе данок за пластична амбалажа

- Advertisement -

Како одговор на пластичниот отпад во кој се дави Земјата, владата на Обединетото Кралство воведува нов данок за пластична амбалажа. Како што е објаснето во планот на владата, ќе биде воведен данок за секоја пластична амбалажа која содржи помалку од 30% рециклирана пластика. Данокот ќе стапи на сила од април 2022 година.

Како што се вели во документот, во 2018 година владата побарала докази дека даночниот систем мора да се позанимава со пластичните амбалажи и на тоа пристигнале 162.000 одговори. Многумина поднеле докази дека новата пластика, всушност, е многу поевтина од рециклираната, па затоа многу производители користат само нова пластика. Со цел да ги поттикне сите нив да користат рециклирана пластика, која е помал загадувач на околината, владата ќе го оданочи секое пластично пакување кое не е барем 30% рециклирано.

- Advertisement -

Во моментот производителите на пластична амбалажа плаќаат само 10% од парите кои се трошат за менаџирање со пластичниот отпад. Новиот данок ќе ги принуди производителите да го покријат целосниот трошок за менаџирање со отпадот. Доколку тој трошок е многу поголем од цената нна 30% рециклираната пластична амбалажа, новиот данок сигурно ќе ги натера да користат парцијално рециклирана пластика наместо нова.

Данокот ќе се наплаќа кога пластиката ќе биде понудена на пазарот во Обединетото Кралство за понатамошна употреба. Доколку амбалажата е направена од страна на друга компанија, а не од таа која спакувала храна или нешто друго во амбалажата, производителот на амбалажата е тој што ќе го плаќа данокот. За увезена амбалажа данокот ќе се плаќа штом ќе се појават производите во таа амбалажа на пазарот.

- Advertisement -

Иако мерките нема да стапат на сила до 2022 година, фактот дека дури 162.000 граѓани одговориле на минатогодишниот повик за докази против употребата на пластична амбалажа доволно покажува дека луѓето ги поддржуваат иницијативите за намалување на пластичниот отпад. Со оглед на тоа дека Обединетото Кралство произведува 5 милиони тони пластика годишно, јасно е дека земјата ќе има огромна корист од намалената консумација на нова пластика.

Сподели!
- Advertisement -