- Advertisement -
Десет велосипеди и исто толку електрични тротинети ќе набави Град Скопје за потребите на администрација при извршување на редовните работни обврски.
„Со оваа набавка ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на лесни моторни возила, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина“, стои во предлогот што се очекува да биде усвоен на денешната седница на градскиот Совет.
- Advertisement -
За оваа намена Градот ќе одвои 450.000 денари.
- Advertisement -