Првите шест сателити за 5G интернет стигнаа во вселената

- Advertisement -

Од Француска Гвајана успешно беше лансирана ракетата Arianespace Soyuz, која во вселената ги однесе првите шест од вкупно 650 сателити за Интернет кои ќе се најдат во идната голема констелација на компанијата OneWeb. Идејата на OneWeb и на партнерите е да овозможат брз сателитски интернет и во најзапуштените делови од светот, а констелацијата ќе подджува и нови комуникациски мрежни технологии кои вклучуваат 5G.

OneWeb стана втората компанија после SpaceX која во вселената однесе нова генерација комуникациски сателити, а проектот за сателитски ултрабрз интерент го поддржуваа многу компании меѓу кои Softbank, Airbus, Virgin и давателот на услуги на сателитски интернет Hughes.

- Advertisement -

Кога тие 650 сателити на OneWeb ќе се приклучат на оние кои планира да ги лансира SpaceX, орбитата на Земјата ќе се наполни со неколку илјади нови летала кои ќе кружат околу неа, но експертите од OneWeb сметаат дека тоа нема да направи големи проблеми при лансирањето вселенски мисии.

OneWeb на MWC 2019 објави дека веќе потпишале договори за услуги на сателитски интернет од новата генерација со Talia Limited од Велика Британија и Intermatica од Италија, кои ќе обезбедуваат интернет во Африка, Европа и на Средниот Исток.

Сподели!
- Advertisement -