Huawei годинава испорача рекордни 200 милиони телефони

- Advertisement -

Продажбата на паметни уреди на Huawei порасна за 50 милиони уреди во однос на минатата година. Во момент кога САД врши притисок на канадската влада и бара да им ја предадат шефицата на финансии на Huawei, Менг Ванжу, која е обивнета за кршење на санкциите против Иран, кинеската компанија има најдобри резултати во својата историја.

Во текот на изминатата година Huawei испорача повеќе од 200 милиони паметни телефони. Додека најпопуларните телефони на Huawei, P20 и Mate 20, се продаваат одлично и заедно се испорачани повеќе од 21 милион примероци, главната ѕвезда на телефоните од средната класа од серијата Nova, кои се продаваа подобро дури и од брендот Honor, иако кинескиот производител не изнесува конкретни бројки.

- Advertisement -

Иако во јавноста се проширија информации за апсењето на шефицата на финансии и делумната забрана на американскиот пазар, глобалните бројки од продажбата гласно говорат дека Huawei ни најмалку не е зависен од пазарот на САД затоа што одлично се продава во Кина, но и на сите останати пазари.

 

Сподели!
- Advertisement -