Airbus A400M може да испушти 22 тони вода за само неколку секунди

- Advertisement -

Одделот за одбрана и вселеа на европскиот производител на авиони успешно го тестираше својот авион за гаснење пожари A400M. Со оглед на тоа дека температурите во светот постојано се покачуваат, ризикот од пожари е се поголем, како што неодамна видовме во Калифорнија, а пред неколку години имаше и разорни пожари во Австралија. Иако пожарникарските служби честопати користат авиони или хеликоптери за гаснење на пожарите, авионот A400M може да замени повеќе такви решенија.

Иако првиот лет го направи во 2009 година, авионот за воен транспорт Airbus A400M наиде на одеушевување кај многумина поради својата способност да носи поголем товар отколку C-130 Hercules, како и поради способноста да може да слета на многу нерамни терени. Карго делот на авионот е долг 17,71 метри и широк 4 метри, а има капацитет да носи 40 тони.

- Advertisement -

Посебниот систем за гаснење пожари дизајниран од Airbus може да се постави на кој било авион од флотата A400M без никакви модификации. Водата се скалдира во фиксиран резервоар во карго делот и се испушта низ две независни врати.

Целта на тест летот бил да се провери времето и количината вода кои се испуштаат, како и способноста на A400M да го користат системот за гаснење пожари. Во текот на тест-летото авионот летал со брзина од 230 км, на висина од 45,7 метри, а испуштил 22 тони вода за помалку од 10 секунди.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -