Зa неколку месеци отсега на пазарот ќе можеме да го најдеме овој интересен уред, кој ќе може да се користи како телефон, а потоа да се стави на зглобот на раката и да се носи како часовник. Пазарот за мобилни телефони изминатата недела го обележаа телефони со екрани кои се преклопуваат. Иако за најголем дел од луѓето се прескпаи, Samsung и Huawei со моделите Fold и Mate X ни покажаа во кој правец оди пазарот и дека еластичните екрани не се само концепт, туку уреди кои наскоро ќе може да се купат.
Наместо хибрид меѓу телефон и таблет, кинеската компанија Nubia се одлучи за развој на интересен уред кој примарно е голем часовник, иако благодарение на еластичниот екран може да се исправи и да се користи како паметен телефон. Но, со оглед на тоа какви се димензиите, тешко е да се замисли дека моделот Alpha некој ќе го користи како мобилен телефон.
Во пресрет на Светскиот мобилен конгрес по Интернет кружеа фотографии од сличен концепт на TCL, односно хибрид меѓу телефон и паметен часовник, но Nubia својот уред официјално го претстави и наскоро ќе се најде на пазарот. Аlphа е уред со кон Nubiа сака да покаже што се може да се направи со достапната технологија, а не да привлече многу купувачи.
Уредот има екран со дијагонала од 4 инчи со размер 36:9 и јасно е дека со вакви димензии Alpha тешко може да се користи како класичен телефон затоа што екранот е претесен. Како паметен часовник е интересен, но во однос на конкуренцијата екранот е преголем и прилично тежок на рака. Она што го олеснува неговото користење е опцијата некои функции да се активираат со поминување на раката над екранот. Има и камера од 5 MP за фотографирање и снимање. Има и 1 GB RAM и 8 GB меморија за складирање податоци, како и батерија од 500 mAh.
Во продажба веројатно ќе се најде верзијата која има поддршка само за WiFi и Bluetooth и верзијата со eSIM картичка, која ќе може да се користи како класичен паметен телефон. Моделот без картичка веројатно ќе се појави во април по цена од 450 евра, а моделот со eSIM картичка ќе се појави во Кина во април, а во текот на третиот квартал и во Европа по цена од 550 евра, односно 650 евра за златната верзија.